ВИДЕО: Фетел направи мало шоу, сам си се „круниса“ за победник во Канада

Фетел

Германецот Себастијан Фетел пропушти можност да стигне до првата победа во тековната сезона во Ф1 шампионатот.

Поради казна од пет секунди на крај мораше да му го препушти местото на лутиот ривал Луис Хамилтон. 

На крајот од трката, пилотот на Ферари приреди забава за фановите и ги премести знаците кои ги означуваат првите три места. Она со број два го стави кај Мерцедесот на Хамилтон, а бројот еден го постави на местото каде што требаше да стои неговиот болид.

Фетел остана далеку зад Британецот во генералниот пласман и се чини уште една сезона нема да биде во можност да му парира во трката за титулата.