Фетел најбрз на првите тестови во Барселона

Фетел

Патеката во Барселона денес беше местото каде што се одржаа првите официјални тестови на Формула 1 екипите во пресрет на новата сезона.

Германецот Себастијан Фетел беше најбрз со 105 извозени кругови пред Серхио Перез и Валтери Ботас. Светскиот првак Луис Хамилтон возеше воздржано и беше далеку од првите десет возачи.

Единствена екипа која денес не се појави беше Вилијамс која ќе ги прави првите тестови в среда, кога ќе го добие болидот од Оксфорд.

Новата сезона ќе започне со трката на патеката во Австралија на 17 март.