Фетел: И покрај сѐ духот не ни е скршен, јас останувам во Ферари

Себастијан Фетел е на прагот да загуби уште една битка за шампионскиот трон со Луис Хамилтон, но и покрај тоа не размислува на заминување од италијанскиот Ф1-тим Ферари, во кој гледа потенцијал за иден конкурент за врвот.

„Нема да го напуштам Ферари. Чест ми е да сум дел од овој тим, сакам тоа да остане така и не размислувам на ништо друго. Тимот работи во полна пареа, последните неколку недели ни беа навистина тешки. И покрај тоа што се случува, нашиот дух не е скршен. Ќе продолжиме да се бориме и ќе видиме што ќе ни донесе иднината“, изјави Фетел.

Фетел има 264 бода и е на второто место во генералниот пласман, зад Луис Хамилтон со 331 бод. Наредната Ф1-трка се вози во САД, на 21 октомври од 8:10 часот, а до крајот на сезоната ќе се возат трки во Мексико, Бразил и Абу Даби.