ВИДЕО: Фетел го искрши своето Ферари на денешните тестови, но помина без последици

Себастијан Феел

Денешните Формула 1 тестови донесоа лошо издание на Себастија Фетел, кој го удри своето Ферари во оградата и мораше да оди на дополнителни медицински прегледи.

Италијанскиот тим потврди дека причина за несреќата беше механички проблем, а не грешка на пилотот. Германецот немаше тешки последици, но замина во болница за да избегне дополнителни проблеми.

Четирикратниот светски шампион помина 40 круга пред да заврши во бариерите покрај патеката.

Првичните тестови најавуваат одлична сезона за Ферари кој посакува да ја прекине доминацијата на Мерцедес и Луис Хамилтон.