Фетел: Финансиите никогаш не беа проблем, сакам нов предизвик

Себастијан Фетел реши да ја заврши соработката со Ферари и по крајот на сезоната ќе бара нов ангажман. Германецот кој ја вози петтата сезона во италијанскиот тим како што веќе беше најавено ќе бара нов предизвик. 

Четирикратниот шампион во Формула 1, кој беше незапирлив со Ред Бул во 2015 година премина во редовите на ривалот, каде не успеа одново да блесне и остана во сенка на Луис Хамилтон. Популарниот Себ нагласи дека прекинот на соработката нема финасиска позадина, туку сака да направи промена. 

„Мојата соработка со Ферари ќе заврши на крајот од 2020 година. Тоа беше одлука со цел да се постигнат најдобрите можни резултати и витално за двете страни. Јас и тимот сфативме дека повеќе нема ентузијазам да останеме заедно по оваа сезона. Финансиското прашање никогаш не беше проблем, не размислувам на таа тема кога носам животни одлуки. Секој поединец мора да има имагинација и јас морам да најдам нов пристап до спортот. Ферари зазема специјално место во Ф1 и се надевам ќе дојде до успесите кои ги заслужува. Јас професионално ќе го одработам договорот, во надеж дека ќе доживееме убави моменти годинава“, изјави Фетел.

Фетел дефинитивно немаше среќа бидејќи изминативе пет сезони Мерцедес е неприкосновен и апсолутен фаворит пред останатите. Откако прејде во Ферари, четири пати трофејот го подигна Хамилтон, а еднаш поранешниот клупски колега Нико Розберг. Германскиот тркач со италијанскиот црвен болид двапати заврши како второпласиран и еднаш беше бронзен.