Фетел: Ферари ја научи лекцијата, знаеме каде грешевме

По крајот на сезоната, некогашниот првак во Ф1, Себастијан Фетел, призна дека се правеле многу грешки оваа година, но потенцира дека нема простор за разочарување и дека од истите треба да се извлече поука, за да се дојде до напредок.

Германскиот Ф1-пилот Себастијан Фетел втора сезона по ред ја губи битката за тронот со Луис Хамилтон.

„Мора да анализираме какви грешки направивме оваа сезона, но и да внимаваме да не ја направиме целата работа прекомплицирана. Ако погледнеме назад, јас дефинитивно не сум во топ-форма. Знам дека можам да бидам подобар. Наредната сезона ќе се потрудам да го направам тоа. Направивме чекор назад, кога се работи за компетитивноста на нашиот болид. Имавме тешка година, но тимот знае каде грешеше“, изјави Фетел.

Фетел во генералниот пласман освои 320 бода, а вкупно забележа пет победи. Луис Хамилтон имаше 11 победи и финишира со 408 бода на своето конто.