Фетел е пилотот кој им донел најголема заработка на екипите за кои возел

Себастијан Фетел

Себастијан Фетел ја губи директната битка со Луис Хамилтон во Ф1 шампионатот во последните неколку сезони, но и покрај тоа, тимот на Ферари е задоволен од неговата форма и резултати.

Дел од задоволството кај италијанската екипа се приходите кои Германецот ги донесе откако го потпиша догтоворот.

Направена статистика вели дека четирикратниот светски првак од Хепенхајм е пилотот кој им донел најмногу финансиски средства на екипите за кои возел. Торо Росо, Ред Бул и Ферари заедно со Фетел заработиле 455 милиони евра.

На второто место е неговиот лут ривал од Мерцедес со 399 милиони, а трет е Кими Раиконен кој на Заубер, Мекларен, Ферари и Алфа Ромео им донел 343 милиони.

Новата сезона не донесе ништо ново. Хамилтон повторно доминира и по три трки се чини најави нова доминантна година на неговиот тим.