Фетел: Чувствувам дека сум на моето највисоко ниво

Фетел форма

Германецот Себастијан Фетел чувствува дека се наоѓа во еден од најдобрите моменти од кариерата и покрај тоа што е инфериорен во однос на Луис Хамилтон и Мерцедес во последните неколку сезони.

Тој најави дека не планира набрзо да замине во пензија и ќе продолжи да се бори за шампионскиот трофеј.

„Моментално, чувствувам дека сум во најдобриот момент во кариерата. Амбициозен сум и имам големи очекувања од себе во иднина.

Среќен сум кога се наоѓам во болидот, така да не планирам пензија во скоро време. Има многу работи кои ме привлекуваат во овој спорт и ме тераат да продолжам со напорна работа“, рече четирикратниот светски шампион.

Ферари и во новата сезона заостанува зад лутиот ривал за титулата. Првите три трки во Ф1 шампионатот не ветувааат позитивни резултати на крајот од годината за италијанскиот тим.