• Иван Димовски

Формула 1 тимот на Астон Мартин наводно го контактирале Себастијан Фетел за да вози во првата трка од новата сезона.
Ленс Строл доживеа бизарна повреда откако падна од велосипед, па не е во можност да се подготви на тестовите. Поради тоа, Фетел би можел да се врати во тимот и на патеките, меѓутоа прво треба да ја прифати понудата.
На местото на Строл на претсезонските тестови вози Фелипе Другович, а тука во комбинација е и Стофел Вандорн, меѓутоа тие се неискусни во споредба со поранешниот првак.