Фернандо Алонсо потпиша нов договор со Мекларен за 2018 година

Фернандо Алонсо

Двократниот шампион во Формула 1 шампионатот, Фернандо Алонсо и покрај сите најави дека е незадволен, го продолжи договорот со екипата на Мекларен.

Шпанецот има разочарувачка сезона и се наоѓа на 16. место во генералниот пласман со само осум освоени бода, поради слабата натпреварувачка форма на неговиот болид. Здружувањето на Мекларен и Рено наредната сезона одигра клучна улога во продолжението на договорот на Алонсо.

И наредната сезона клупски колега ќе му биде Стофел Вандроне.