Ферари тврди: Леклерк ќе добие ист третман како Фетел

Ферари

Новата сезона во Формула 1 шампионатот ќе донесе неколку промени во однос на пилотите и екипите.

Една од нив ја направи Ферари, кој го замени искусниот Кими Раиконен со младиот и талентиран Чарлс Леклерк. 21-годишниот Французин ќе добие шанса да се докажува на најголемата автомобилистичка сцена во една од најдобрите екипи и покрај четирикратен светски првак.

Челниците на тимот се свесни за неговите квалитети и во пресрет на првата трка во Австралија најавија дека тој ќе добие ист третман како и неговиот повозрасен и поискусен колега.

„Двајцата ќе имаат слобода да се борат за титулата. Нема да побараме од Чарлс да му остави простор на Себастијан затоа што овој е побрз. Нам ни треба двата пилоти да даваат максимум и да постигнуваат најдобри резултати“ , беа зборовите на Матија Биното.

Ваквата изјава, Ф1-светот ја протолкува како мала провокација кон лутиот ривал Мерцедес, кој во претходните неколку сезони даваше тимски наредби со кои му овозможи на Луис Хамилтон да оствари подобри резултати.

Сезоната во најдоброто автомобилистичко натпреварување во светот започнува на 17 март на патеката „Мелбурн Парк“.