Ферари со важна одлука: Нема повеќе делба на возачи на „еден“ и „два“

Екипата на Ферари донесе нова одлука пред новата сезона во Формула 1 и нема да ги дели возачите на „еден“ и „два“.

Ферари со новиот болид се надева на подобри резултати во новата сезона, а тимот ќе го претставуаат Чарлс Леклерк и Карлос Сајнц. Европските медиуми велат дека меѓу нив нема да има возач „еден“ и „два“, односно никој нема да има предност.

„Нашите приоритети секогаш се исти кон секого, работите ќе се менуваат според брзината на патеката. Нема никого да го оштетиме, а ако на некој од нашите возачи му е потребна помош да биде шампион, така ќе му ја дадеме. Понекогаш не е само квалитетот и талентот во прашање, мора да имаш и малку среќа“, изјави Матија Биното, шефот на Ферари.

Ферари ја заврши актуелната сезона на третото место меѓу конструкторите, веднаш зад недопирливите Мерцедес и Ред Бул.