Ферари пред Мерцедес ќе има „еден-два“ старт на „Спа“

Италијански Ферари имаше добри квалификации на „Спа“, на трката за ГН на Белгија, затоа што Леклерк и Фетел ќе стартуваат од првиот ред.

Во супер-возбудливи квалификации, Леклерк заврши на првото место, пред Себастијан Фетел кој беше второпласиран. По нив, следат возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас.

Петтото место му припадна на Макс Верстапен од Ред Бул, а потоа следеа Рикардо и Хулкенберг од Рено, Серхио Перез, Кевин Магнусен, Роман Грожан...

За Ферари ова е првпат да има прв ред, по трката за ГН на Бахреин. Трката за ГН на Белгија се вози утре (недела) попладне од 15:10 часот.