Ферари повторно најбрз, овој пат Леклер доминираше во Барселона

Италијанскиот тим Ферари уште еднаш најави дека ќе има успешна сезона во Формула 1 шампионатот, откако повторно беше најбрз на претсезонските тестирања во Барселона. 

Ако во вчера доминираше Себастијан Фетел, денес најбрзо време запиша неговиот тимски колега Шарл Леклер. 21-годишниот Французин мина најмногу на патеката „Каталуња“, а зад своето име запиша најбрзо време од 1:18,247 минути. 

Веднаш зад Леклер заврши младиот Британец, Ландо Норис од Мекларен, додека трето време имаше Кевин Магнусен од Хас. Од редовите на шампионот Мерцедес, Валери Ботас заврши како шести, додека првакот Хамилтон имаше десетти резултат на денот.