Ферари ќе тестира за 2023, Леклер добива казна за трката во Остин

Титулата во оваа сезона на Формула 1 ја одбрани Макс Верстапен, а Ферари по фуриозниот старт сега сериозно заостанува зад Ред Бул. Иако се во битка за второто место на генералниот поредок, за трката во Остин од италијанскиот табор се решија да тестираат нов мотор. 

Се работи за погонска единица која би требало да биде основата на болидот за следната сезона. Поради промените на болидот, Шарл Леклер го очекува казна од најмалку пет места на гридот овој викенд. Во зависност од тоа колку компоненти ќе се променат, казната може да порасне и до десет стартни места. 

Во моментов на втората позиција се наоѓа Серхио Перез со 253 бода, додека Леклер има еден помалку. Трката за местото зад Верстапен ќе трае во последните четири трки, а Ред Бул веројатно ќе се насочи кон обезбедување на „еден-два“ на врвот.