• Мартин Танасковски
Италијанскиот тим Ферари не бележи посакувани резултати и ќе мора да прави промени. Барем така се најави за следната сезона.
За време на зимската пауза екипата од Маранело направи одредени промени и на чело на екипата на местото на Биното дојде Васер. Сепак, овогодинешниот болид СФ-23 не ги оправда очекувањата, па тимот размислува за промени.
Главниот аеродинамичар на тимот, Енцо Кардиле, соопшти дека ќе се работи на подобрување на болидот и ќе се прават тестови уште оваа сезона, за следната Ферари да биде поконкурентен со ривалите кои се доста побрзи.
Фокусот на Ферари ќе биде на развојот на болидот. Италијанскиот тим се наоѓа на четвртото место во генералниот пласман кај конструкторите, со 201 освоен бод.