• Иван Димовски

Култниот Формула 1 тим, Ферари, го претстави својот болид за сезоната 2023.
Под името „СФ-23“, во Маранело го покажаа новиот болид, кој има слична боја како и минатогодишниот кој беше хит. Додадени се нијанси на крабонска црна боја на задниот и предниот дел, а најинтересен детаљ е испишаното име Ферари на предниот дел на задното крило.
„Чувствувам дека сите се горди на одработената задача и тоа е важно за мотивацијата. Ова ќе биде долга сезона, па таа е круцијална за перформансот на тимот. Беше интензивно, како што можете да замислите. Чувствувам голема одговорност, а тоа е и голема чест“, рече новиот директор Фредерик Васер.
Шарл Леклер веќе го тестира новиот болид на патеката во Фиорино. Првите официјални тестови се закажани од 23 до 25 февруари во Бахреин, каде што првата трка во новата сезона се вози на петти март.



