Ферари експресно пронајде замена за Себастијан Фетел

Италијанскиот Ф1-тим скудерија Ферари ќе се раздели со германскиот возач Себастијан Фетел на крајот од актуелната сезона, но експресно ја пронајде неговата замена.

Според „Скај Спортс“, челниците на тимот се во преговори со младиот шпански возач Карлос Саинц. Фетел и Ферари не најдоа договор за да ја продолжат соработката во 2021 година, па затоа дојде до преговори на Ферари и Саинц.

Шпанецот е дел од Мекларен, а на негово место во тимот ќе пристигне Даниел Рикардо чиј договор со Рено истекува на крајот на годината.

Можно е двата тима да потврдат преговори до крајот на оваа седмица. Саинц има 25 години и важи за еден од возачите на кого му се предвидува блескава иднина во формула 1 спортот.