Ф1-возачот кој објави провокативно видео добива отказ, позната е и замената?

Никита Мазепин веќе беше промовиран во возач на Хаас за сезоната 2021, каде ќе вози заедно со Мик Шумахер, ама би можел да ја загуби таа позиција поради видеото кое се појави на социјалната мрежа „Инстаграм“.

Американскиот тим е под голем притисок, затоа што се бара отказ за Русинот, поради видеото на „Инстаграм“ каде тој допира девојка по градите. Имаше и една петиција под насловот #NikitaMazepinOut.

>>> ВИДЕО: Новиот Формула 1 возач објави снимка како недолично допира девојка!

Како можна замена за Мазепин во редовите на Хаас се споменува Емерсон Фитипалди - Пјетро, кој возеше во Ф1 на местото на Роман Грожан, кој имаше несреќа и не можеше да биде дел од последните трки.