Ф1: Верстапен убедлив лидер пред Хамилтон и Норис на „Имола“!

Холандскиот формула 1 возач Макс Верстапен е победник на трката за ГН на Италија која оваа сезона се возеше на патеката „Имола“ која се наоѓа во Емилија-Ромања и даде до знаење дека оваа сезона ќе е супер-интересна.

Верстапен беше во контантно водство, иако не тргна од пол-позицијата. Возачот на Ред Бул ги мина Луис Хамилтон и Серхио Перез на стартот и беше во константно водство. 

Во еден момент трката беше под црвено знаме, по судир на Расел и Ботас, а за среќа двата возачи беа во ред. Во 31-от круг, Луис Хамилтон се удри во заштитниот ѕид, меѓутоа успеа да продолжи и на крајот дојде до второто место.

Третото место на „Имола“ му припадна на изненадувањето Ландо Норис од Мекларен, а потоа следеше дуото на Ферари, Чарлс Леклерк и Карлос Сајнц. Бодови освоија и Даниел Рикардо, Ленс Строл, Пјер Гасли, Кими Раиконен и Естебан Окон.

Следната формула 1 трка се вози на втори мај во Португалија.