• Александар Ковачев

Производувачот на автомобили, Рено кој пред неколку дена го обелодени враќањето во Ф1, сеуште не е спремен да ги објави сите детали околу структурата и начинот на функционирање на својот тим. Раководството на францускиот тим во текот на вчерашниот ден и официјално стана сопственик на тимот на Лотус со тоа што ги исплати сите обврски и долгови кон кредиторите.
„Техничкиот тим во овој момент работи на усовршување на болидот и има добри резултати. Работиме со една цел, а тоа е да бидеме спремни за првиот тест во Барселона на крајот на февруари“, излегоа со соопштение од тимот.
Од Рено потврдија дека дел од тимот ќе бидат Жером Стол и Сирил Абитебул, но сеуште не се знае кој ќе биде шеф на тимот, а за тоа место конкурираат Алан Прост и Фредерик Васур. Од возачите сигурно е местото само на Роман Грожан, а во иднина ќе се утврдува улогата на вториот возач Пастор Малдонадо и резервниот пилот Џолион Палмер.
„Нов тим, ново име, составот на екипата, партнерите и сите останати детали ќе бидат соопштени на конференцијата која ќе се одржи во Париз во февруари“, изјавија од Рено.