Формула 1 поради поплавите ја откажа трката на „Имола“

Челниците на Формула 1 донесоа одлука овој викенд да нема трка на патеката „Имола“ во Италија поради непогодата која ја зафати „чизмата“.

Во северот на Италија има големи поплави, па од Ф1 соопштија дека човечките животи се приоритет во моментов пред најбрзиот настан во автомото спортот.

Од Формула 1 соопштија дека мислите на раководството се со Италија и сите посакуваат оваа непогода да заврши добро и без жртви, а веројатно нема да има Ф1-трка на „Имола“ до крајот на оваа година.

Следната трка во Ф1-шампионатот е пред крајот на мај, кога се вози трката за ГН на Монако.