Ф1 обвиена во тага: Почина големиот Ники Лауда!

Љубителите и учесниците во Формула 1 се во голема тага, затоа што почина великанот во овој спорт, некогашниот австриски возач Ники Лауда.

Лауда, кој почина на 70-годишна возраст, важи за еден од најдобрите во историјата на Формула 1. Во овој спорт, беше активен од 1971 до 1979, па од 1982 до 1985, а неговите успеси засекогаш ќе бидат запишани во историјата со златни букви.

Лауда зад своето име има три титули, во 1975, 1977 и 1984 година. Возеше за неколку тима, а ќе се памети како единствен возач кој успеал да освои шампионски титули со Ферари и Мекларен, лутите ривали во Ф1.

Ники Лауда беше роден на 22 февруари, 1949 година во Виена, а почина на 21 мај 2019 година, поради здравствени проблеми. Заврши во болница поради наводни компликации со бубрезите, а се уште не е позната точната причина за смртта.