Ф1 календар: Шпанија останува меѓу трките и наредната сезона

Каталуња

Финансиските проблеми беа причината поради која се шпекулираше дека патеката „Каталуња“ ќе биде изоставена од Ф1 шампионатот наредната сезона.

Но, локалната власт брзо реагираше и ги реши проблемите, па пилотите и во годината која доаѓа ќе возат на трката за ГН на Шпанија. Новата сезона ќе донесе и поголем број трки и возбудувања за фановите. Се очекува бројката да порасне на 22 трки.

Останува да се види само како Светската автомобилистичка федерација (ФИА) ќе организира 22 настани во рок од девет месеци.

На патеката, која се наоѓа северно од Барселона, се возат и претсезонските тестови на Ф1 тимовите.