Ф1: Хулкенберг најбрз на последните тестови во Барселона

Хулкенберг

Вчера официјално завршија првите тестови на Формула 1 екипите кои се одржуваа на патеката во Барселона.

Возачот на Рено, Нико Хулкенберг, запиша најбрз круг и заврши пред младиот Александер Албон од Торо Росо. На третата позиција се пласираше актуелниот шампион Луис Хамилтон, кој направи најмногу кругови со својот Мерцедес.

Следуваат неколку дена пауза, а потоа закажани се финалните тестови за тимовите во пресрет на новата сезона, која започнува наредниот месец.

Ферари се надева дека ќе успее да одговори на предизвикот на Мерцедес и дека ќе води борба во текот на цела сезона.