ФОТО: Еве како изгледаше скршеното крило со кое Хамилтон победи во Џеда

Луис Хамилтон освои нови 25 бода, плус еден дополнителен за најбрз круг и со тоа се израмни на врвот во Формула 1 ранкингот со Макс Верстапен во пресрет на последната трка во Абу Даби. Денес, на трката за Големата Награда на Саудиска Арабија по многу драма се радуваше Британецот. 

Во грчевита битка, Верстапен ја пропушти првата позиција на трката. Момент кој ќе предизвика многу контроверзии беше малиот судир на двајцата претенденти за тронот. Холанѓанецот доби тимска наредба да го пропушти ривалот, а Хамилтон се збуни и со предното крило удри во задниот дел на Верстапен. Судирот на претендентите за тронот можете да го видите на ОВОЈ линк. 

Предниот десен дел од крилото на Хамилтон беше скршено, изгледаше лошо за возачот на Мерцедес, но тоа не го спречи да победи. Со оштетен дел од крилото, Хамилтон возеше неверојатно, нижеше најбрзи кругови и направи неверојатна предност од речиси 12 секунди од судирот во однос на Верстапен.

На социјалните мрежи се појави фотографија од близу, како изгледаше скршениот дел од болидот на Хамилтон...