Еспаргаро прерано почна да слави и загуби подиум во Шпанија! (ВИДЕО)

Трката за Големата Награда на Каталонија мина во знакот на францускиот мотоциклист Фабио Квартараро. 

Сепак, трката ја одбележи бизарна сцена на влезот во последниот круг. Човекот кој тргна од пол позицијата, Алеш Еспаргаро доживеја катастрофа во Шпанија. Мислејќи дека трката е готова, домашниот мотоциклист почна да го слави својот подиум и да мафта кон публиката. Сепак, набргу ја забележа својата грешка и продолжи да вози. 

  • Бизарната сцена на крајот во Каталонија:

Оваа голема грешка Еспаргаро го чинеше пад на петтото место, иако имаше сигурен подиум на домашната трка. По крајот на истата, Шпанецот беше скршен и во солзи.