„Еспаргаро не ги чувствуваше рацете и нозете по падот во Брно“

Шпанецот Пол Еспаргаро не ги чувствувал рацете и нозете по страотниот пад во текот на загревањето за ГН на Чешка, на патеката во Брно, откри неговиот брат Алеш.

Младиот Еспаргаро, кој е член на КТМ, скрши клучната коска и веднаш беше префрлен во болница, но за негова среќа избегна операција.

„Повредата беше многу потешка отколку што се мислеше, бидејќи имаше и повреда на рбетот. Не можеше да ги мрда рацете и нозете и премногу загрижен пристигна во болницата, Таму започна да осеќа болка во рацете и тоа малку го смири, а по разговорите со неврохирурзите му беше соопштено дека имал среќа и дека ќе се заврши без операција“, изјави Алеш.

Поради отсуството на Еспаргаро, КТМ на трката за ГН на Австрија ќе има само еден возач - Бреди Смит, бидејќи и тест возачот, Мика Калио исто така е повреден.