Eндуро-тим Водно е најдобриот клуб во Ендуро шампионатот

Мото-клубот Ендуро-тим Водно од Скопје е најдобриот клуб во Ендуро шампионатот на Македонија за 2018 година. По извозени четири ендуро трки, една во Берово, две во Скопје и една во Велес, клубот Ендуро Тим Водно во екипниот пласман успеа да го освои првото место во конкуренција се седум мото-клубови и се закити со титулата шампион за 2018 година.

Ендуро Тим Водно, освен во Ендуро шампионатот, ја освои и вицешампионската титула во мотокрос шампионатот. Во конкуренција од осум мото-клубови Ендуро Тим Водно екипно го освои второто место.

Клубот за оваа 2019 година го засили тимот со уште неколку возачи, кои ке настапат како за македонскиот, така и за Европскиот шампионат.