Ендуро Тим Водно доминираше на првата трка од државниот шампионат

Викендов се возеше првата Ендуро трка за македонскиот шампионат, на која настапија над 40 пријавени возачи. Трката се возеше во Велес и беше во организација на велешкиот клуб Мото Велес. Мото клубот Ендуро Тим Водно настапи со шест возачи во различни категории, а од нив дури четворица завршија на подиумот, а со тоа повторно докажаа дека се еден од најтрофејните мото клубови во Македонија.

Во Класата Е1, иако со тешка повреда на рамото, Виктор Караколев успеа да се избори за третото место. Во Класата Е2 прво место освои Марко Златановски, а втор беше Андреј Милковски. Во Класата Е3 победата му припадна на Ангелче Стојковски.

По извозената прва трка Мото Клубот Ендуро Тим Водно е убедливо на првото место во клубска конкуренција. Следната трка е закажана за 28 ввгуст во Куманово.