Емоции до небо на „Интерлагос“: Хамилтон го возеше славниот болид на Сена! (ВИДЕО)

Организаторот на трката за Големата награда на Бразил реши да направи еден потег кој ги израдува навивачите. Познато е дека Луис Хамилтон има многу фанови во оваа земја, па на патеката „Интерлагос“ доби неверојатна можност. 

Седумкратниот светски првак доби уникатна можност, да го вози болидот на легендарниот Аиртон Сена со кој во 1990 година го освои трофејот во Формула 1. Хамилтон имаше специјална кацига посветена на бразилскиот возач, беше во бела комбинација на облека и извозе еден круг на култната патека. 

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by FORMULA 1® (@f1)

Навивачите беа одушевени, емоциите беа до небо, а нема сомнеж дека и за Хамилтон ова беше момент кој нема да го заборави никогаш. 

На крајот Хамилтон го направи и славниот потег на Сена, развејувајќи го бразилското знаме од болидот. По возењето беше јасно видливо дека Британецот е многу емотивен за ситуацијата.