Еклстоун: Хамилтон е поголем од Формула 1

Берни Еклстоун, некогашниот прв човек на Формула 1 вели дека Луис Хамилтон има огромно влијание во авто-мото спортот. Британецот е шесткратен шампион во Формула 1 шампионатот и му недостига само уште една титула да го достигне рекордот на легендарниот Михаел Шумахер. 

Големите успеси на патеките се само некои од причините поради кои неговиот сонародник го издвојува како поголем од формула 1.

„Тој е поголем од формула 1. Тој е различен, првокласен! Нема ништо лошо во тоа да имате сопствена модна линија или да се пријатели со раперите. Мислам дека никој не му дал книга со инструкции. Тој е во позиција со која може да натера некои луѓе се „разбудат“ и драго ми е што тоа го прави“, изјави Еклстоун за „АвтоКар“.

35-годишниот Британец од 2013 година е член на Мерцедес, а во последните три сезони е неприкосновен на формула 1 трките.