• Александар Ковачев

Првиот човек на Формула 1 Берни Еклстон, мисли дека блокирањето на планот за воведување на евтин мотор во шампионатот, од страна на Мерцедес и Ферари е знак, дека тие не се грижат за иднината на спортот туку само за својот успех.
„Ние сакаме да им помогнеме на производителите. Тоа на Ферари нема многу да му смета поради агрегатите кои ги произведува, но му помага на Мерцедес. Вака само ќе ја уништиме Ф1, бидејќи производителите на мотори ја напуштаат Ф1 кога тоа нив им одговара, како во случајот со БМВ и Тојота“, изјави Еклстон.
Ова, првиот човек на Ф1 го објавува за да се најде начин како да се спаси шампионатот.
Еклстон и првиот човек на ФИА, Жан Тод, неодамна добија мандат да предложат промени во владеачката структура на Ф1, поради кризата со која истата се соочува. Тој потез не им се допаднал на тимовите, а Еклестон открива дека тимот на Ферари веќе им пишал на ФИА, дека е загрижен поради промените, кои би биле различни од договореното помеѓу тимовите и раководството на Ф1.