Еклстон: Денешната Формула 1 е вистинско ѓубре

Англискиот магнат, Берни Еклстон, ја изрази својата разочараност кога е во прашање денешната Формула 1. Тој не знае што повеќе да им каже на екипите, за да ги прифатат новите правила на ФИА. Tие гласат дека треба да им се дадат покомпетитивни мотори на малите екипи, за натпреварувањето да биде поизедначено и поинтересно. Во интервју за специјализиран магазин на Островот, Еклстон исто така, даде свој поглед за нештата кои се случуваат во Формула 1, нарекувајќи го натпреварувањето вистинско ѓубре.

„Проблемот е тоа што ги кажувам работите како што се, а не како што сакам да бидат. Дали мислите дека е нормално бивш шампион како Фернандо Алонсо, da стартува на крајот од колоната? Дали е во ред еден возач, заради тоа што го сменал моторот, да биде казнет и место да стартува на третото место, тој ја започнува трката десет места поназад? Ако тоа е во ред, тогаш оваа Формула 1 е вистинско срање“ , бесно изјави Еклстон. 

Англичанецот инсистира на нови мерки, кои ќе ја вратат конкурентноста помеѓу екипите и ќе ги привлечат назад изгубените навивачи.