Едниот Маркез излета, другиот победи во Херез

Шпанскиот возач Алекс Маркез оствари голема победа на трката за Големата награда на Шпанија во рамки на Мото ГП, која се возеше на патеката во Херез.

Возачот на Гресини Рејсинг стигна до својата прва победа оваа сезона со време од 40:48.86, што воедно е негов четврти триумф во „кралската класа“.

Второто место му припадна на Марко Бецеки од Априлија, кој заостануваше 1,903 секунди зад победникот, додека трет заврши Фабио ди Џанантонио од тимот ВР46 Рејсинг со заостанување од 5,796 секунди.

Трката ја одбележа и раното откажување на актуелниот шампион Марк Маркез, кој излета од патеката уште во вториот круг и не ја заврши трката.

Во генералниот пласман, Бецеки води со 101 бод, пред Хорхе Мартин кој има 90. Следната трка во шампионатот ќе се одржи на 10 мај, кога на програмата е Големата награда на Франција.