Една од најпознатите патеки во последната деценија пак во Формула 1?

Формула 1 сериозно ја разгледува можноста за враќање на една од најпопуларните патеки од минатата деценија. Преговорите траат со месеци, а сега се појавија и конкретни детали.

Враќањето на Големата награда на Португалија во календарот за сезоните 2027 и 2028 е резултат на долготрајни преговори. Организаторите на патеката во Портимао месециве интензивно работеле на исполнување на условите за повторно враќање на Ф1 во Португалија.

Сепак, Портимао не е единствената патека што е во преговори со Ф1. Меѓу потенцијалните кандидати сериозно се разгледува и Турција, односно Истанбул Парк.