Еден-два триумф на Сузуки, Мир пред светската титула во МотоГП

Шпанскиот МотоГП возач кој ги брани боите на Сузуки, Жоан Мир, запиша нова победа, триумфира на трката за ГН на Европа која се возеше во Валенсија и е на прагот да стане светски шампион.

Мир на патеката ги надмудри клупскиот колега Алекс Ринц од Сузуки и Пол Еспаргаро од КТМ. Ова е прва еден-два победа на Сузуки уште од осумдесеттите, а по подолго време три возачи од Шпанија се наоѓаат на подиумот.

Вкупно седум возачи не ја завршија трката во Валенсија, меѓу нив и италијанскиот возач Валентино Роси.

Мир има 162 бода на листата и е пред Фабио Квартараро со 125 бода и веќе следниот викенд може да стане МотоГП шампион.