Норис ја возврати услугата, му препушти победа на Пиастри на спринтот во Катар

Возачот на Мекларен, Оскар Пиастри, е победник на спринтерската трка на патеката Лусаил во Катар. Мекларен има двојна причина за славење, бидејќи второто место го освои Ландо Норис, додека трет беше Џорџ Расел од Мерцедес.

Вреди да се напомене дека Норис на стартно целната рамнина во последниот круг го пропушти тимскиот колега да победи, возвраќајќи ја услугата од Бразил.

Возачите на Ферари ја завршија трката на четвртото и петтото место, Карлос Саинц беше пред Шарл Леклер во поредокот. Бодови на оваа трка освоија и Луис Хамилтон, Нико Хулкенберг и Макс Верстапен, кој стартуваше лошо и беше на деветтото место, а потоа се пресели на осмото.

Мекларен на тој начин дојде на чекор од титулата во конкуренција на конструктори.