• Саше Љолес
Британецот Џорџ Расел ја забележа втората победа во Формула 1 сезонава, откако денес беше најдобар на трката за Големата награда на Австрија - Ред Бул Ринг.
Расел прикажа извонредно возење (1:26:37.979) и не дозоволи да си ја загрози водечката позиција, а зад него останаа Макс Верстапен (доцнеше 1,6 секунди) и лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели, кој заостана скоро две секунди зад победникот.
Четвртото место му припадна на Оскар Пјастри, а Луис Хамилтон од Ферари финишираше како петтопласиран.
Антонели е лидер во конкуренцијата кај возачите, зад него е Луис Хамилтон, а Расел е на третото место. Борбата за шампионската титула дополнително ќе се разгори, а следна трка во календарот е Големата награда на Велика Британија.