Џорџ Расел ја „освои“ Канада, наивен судир на тимските колеги од Мекларен

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, триумфираше на трката за Големата награда на Канада, која ја одбележа судирот меѓу двајцата возачи на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри. 

Подебелиот крај го извлече Норис, кој постојано го „напаѓаше“ својот тимски колега, а Пјастри возврати кога се најдоа на стартно-целната рамнина и му го затвори просторот. Норис тргна во напад од внатрешната страна и покрај тоа што немаше доволно простор, па така дојде до контакт по кој мораше предвреме да ја заврши трката, за разлика од Пјастри, кој заврши како четврти на крајот. 

Ова е првпат сезонава еден од возачите на Мекларен да не се најде на победничкиот подиум. Во генералниот пласман води Оскар Пјастри со 198 бодови, а зад него следуваат Ландо Норис со 176 и Макс Верстапен со 155 бодови. Следната трка ќе се вози на 29 јуни во Австрија.