Џорџ Расел испиша историја и ја запиша првата пол-позиција во кариерата!

Расел

Изненадувачка пол-позиција во Хунгароринг освои Џорџ Расел од екипата на Мерцедес.

Британскиот возач запиша најбрзо време на денешните квалификации. Тоа му ја донесе првата победа во квалификациите во кариерата. Дуото на Ферари во последен момент остана без стартните две позиции. Тие ќе му гледаат во грб на Расел на стартот на утрешната трка.

Проблеми во последните десет минути имаше Макс Верстапен. Актуелниот шампион не успеа да ѝ парира на конкуренцијата и на крај го освои десеттото место.

Трката за Големата награда на Унгарија се вози оваа недела со почеток од 15:00 часот.