Два тешки судири, катастрофа на Ферари и пол-позиција за Пиастри на „Имола“

Оскар Пиастри ја освои пол-позицијата за трката на Големата награда на Емилија-Ромања. Квалификациите на трката на култната „Имола“ понудија доста возбуда, а на крајот лидерот во поредокот беше најбрз и ќе тргне од првата позиција. 

Австралискиот возач извозе најбрз круг со време 1:14,670 минути и минимално беше побрз од Макс Верстапен. Шампионот доцнеше 0,034 секунди зад Пиастри. На третото место сензационално се пласира Џорџ Расел надминувајќи го Ландо Норис. Во поредокот следуваа двајцата Шпанци, Фернандо Алонсо и Карлос Саинц, а во топ десет беа уште Албон, Строл, Хаџар и Гасли. 

Катастрофа во квалификациите доживеаја возачите на Ферари. Шарл Леклер и Луис Хамилтон имаа лоши кругови во вториот квалификациски сегмент, па и покрај надоградбите на болидот од оваа трка не успеаја да направат резултат. 

Овие квалификации ги одбележаа и двата страшни судири кои ги имаа Јуки Цунода и Франко Колапинто.

<<< - ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Стравичен инцидент пред Ф1-трката на „Имола“!

Трката за Големата награда на Емилија-Ромања се вози в недела од 15:00 часот