Два големи трансфери во Ф1: Саинц во Ферари, Рикардо во Мекларен

Најавените трансфери во Формула 1 се потврдени и два возачи ќе имаат нови тимови во 2021 година.

Ферари како замена на Себастијан Фетел го донесе младиот шпански возач, 25-годишникот Карлос Саинц, па Мекларен не чекаше долго и соопшти дека ја има замената и дека во болидот ќе седне Даниел Рикардо.

Шпанецот сигурно ќе биде одличен пар со Леклер и двајцата важат за голема иднина кога се говори за Ф1. Австралиецот, пак, во Мекларен се очекува да донесе успеси ако се земе предвид дека тимот во новата година ќе има нови мотори од Мерцедес.

Се уште се чека на одлука на Себастијан Фетел, кој нема соопштено за кој клуб ќе вози во иднина.