• Мартин Танасковски
Тимот на Дукати официјално потврди дека потпиша нов двегодишен договор со седумкратниот светски шампион во Мото ГП, Марк Маркез, кој ќе продолжи да настапува во црвените бои најмалку до крајот на сезоната 2028 во кралската класа.
Шпанскиот ас му се приклучи на Дукати на почетокот на 2025 година и веднаш имаше извонредна сезона, во која ја освои својата седма титула во Мото ГП.
Одбраната на шампионскиот трофеј во 2026 година не започна според очекувањата, но по операцијата на рамото Маркез постепено ја врати препознатливата форма и забележа две последователни победи на трките во Унгарија и Чешка, со што повторно се вклучи во битката за шампионската титула.
Продолжувањето на соработката меѓу Маркез и Дукати не претставува изненадување, бидејќи информациите за нов договор се појавија уште пред неколку месеци. Сепак, официјалната потврда беше одложена, бидејќи тимовите намерно не ги објавуваа договорите за сезоната 2027.