Дождот го одложи стартот на Ф1-трката во Белгија

Почетокот на денешната трка во Формула 1 за Големата награда на Белгија беше одложен поради силен дожд и неповолни временски услови на легендарната патека Спа-Франкошан.

Трката требаше да започне во 15:00 часот, но поради натрупаната вода на патеката и намалената видливост, стјуардите одлучија да го одложат стартот. Загревачкиот круг беше отпочнат зад безбедносното возило, но по кратко време возачите беа повикани назад во боксот поради опасните услови за возење.

Според метеоролошките најави, врнежите се очекува да продолжат во текот на целиот ден, што дополнително ја отежнува ситуацијата за организаторите и тимовите. Доколку условите дозволат, трката треба да започне со Ландо Норис од Мекларен на пол-позицијата, пред тимскиот колега Оскар Пиастри и возачот на Ферари, Чарлс Леклер.