ВИДЕО: Довициозо заврши во болница, Маркез во фото-финиш остана без победа во Британија! 

Најквалитетното Мото натпреварување, Мото ГП од трка во трка е сè повозбудливо и поатрактивно. Така беше денес и на легендарната патека Силверстоун, на која се возеше 12-тата трка од овогодишниот шампионат за Големата награда на Британија. 

Актуелниот шампион Марк Маркез имаше нова фантастична трка, но во клучните моменти попушти и дозволи неговиот сонародник од редовите на Сузуки да биде побрз во фото-финишот и да слави голема победа на престижната трка, втора во оваа сезона. 

Трката ја одбележа инцидентот на самиот старт, кога Фабио Квартараро од Петронас Јамаха ја загуби контролата врз моторот и го исфрли од патеката Довициозо, кој веднаш беше пренесен во болница. Сепак, според првичните информации Италијанецот минал без посериозни повреди.