• Сашо Поповски

Италијанскиот возач Андреа Довициозо одлучи да замине во пензија по трката за Големата награда на Сан Марино и Римини.
Првичниот план беше тој да се пензионира на крајот од Мото ГП сезоната. Меѓутоа, неговата желба е да се збогува од спортот на италијанско тло, на местото каде лани првпат ја возеше својата Јамаха.
36-годишникот во кариерата возеше за Хонда, Јамаха и Дукати. Запиша петнаесет победи, 62 подиуми и седум пол-позиции.