ВИДЕО: Довициозо во последниот круг го мина Маркез за голема победа во Австрија

Италијанецот Андреа Довициозо на Дукати е победник на трката за Големата награда на Австрија во Мото ГП, откако првпат во кариерата славеше на Ред Бул Ринг.

Довициозо ги одби нападите на светскиот првак Марк Маркез, кој на последниот свиок беше претекнат од Довициозо и заврши на втората позиција. Фабио Квартараро го комплетираше подиумот со освојувањето на третото место. 

Андреа Довициозо го намали заостанувањето зад Маркез, кој сега има 58 бода предност во генералниот поредок. 

Следната трка од светскиот шампионат се вози по две седмици на Силверстоун.