Довициозо реши да одмори и следната сезона нема да вози во Мото ГП

Адреа Довициозо донесе интересна одлука и нема да учествува во Мото ГП шампионатот следната сезона. Италијанецот ќе земе едногодишен одмор, па потоа сака да се врати во 2022 година. 

Веќе беше најавено дека Довициозо ќе ја прекине соработката со Дукати, а се шпекулираше дека има понуди да биде тест возач во КТМ, Априлија, Хонда и Јамаха. 

Сепак, Довициозо не сака да биде резерва и реши да ги одбие понудите. Така, искусниот мотоциклист ќе одмори во 2021 година, со надеж дека ќе пронајде ангажман по паузата и ќе има шанса да се врати во Мото ГП.