Довициозо ја доби битката со Маркез за стартна победа во новиот МотоГП шампионат

Возачот на Дукати, Андреа Довициозо, триумфираше на трката за ГН на Катар, со која започна и новиот шампионат во МотоГП.

Италијанецот до самиот крај на трката на патеката „Лусаил“ водеше битка за првото место со Марк Маркез и на крај победата ја однесе само со 23 стотинки предност пред Шпанецот. Оваа трка многу потсетуваше на минатогодишната, кого Довициозо исто така во супер-финиш до победата стигна Довициозо. Третата позиција на победничкиот подиум ја зазеде Кал Крачлоу од Хонда.

Еден од јунаците на денешната трка е и Валентино Роси, кој стартуваше од 14. позиција, но на крајот успеа целната рамнина да ја мине како петтопласиран и со тоа да најави дека ќе биде сериозен ривал во претстојната сезона.

Следната трка на програмата е на 31 март, кога ќе се вози трката за ГН на Аргентина.